featured

(Видео) Откриена ѕвезда што „голтнала“ дел од планетарниот систем

Ѕвезда што проголтала делови од својот планетарен систем е откриена со помош на телескопот на Европската јужна опсерваторија, којашто инаку се наоѓа во Чиле, во Јужна Америка. Астрономите ги пронашле доказите во „метална лузна“ со големина од околу 500 километри на површината на ѕвездата.

Тимот научници предводен од Стефан Багнул, кај тн. „ѕвезда-канибал“, забележале дамка што, всушност, претставува концентрација на метали „втиснати“ на ѕвезда. Инаку ѕвездата „ВД 0816-310“ е од видот „бело џуџе“, и е сродна на Сонцето. Таа ѕвезда, во последната фаза од својот животен век, полека се лади, и достигнува големина како онаа на Земјата. Истражувачите и претходно забележале бројни „бели џуџиња“ со траги од метал, но овој материјал обично е таков што се откршил од астероиди коишто минале близу ѕвездата и падот кон огненото тело е случаен.

Во последниов случај, металот е „управуван“ од магнетното поле на „белото џуџе“, процес сличен на оној што создава поларно привлекување на Земјата, но и Јупитер.

– Бевме изненадени што овде материјалот (металите) не е рамномерно распореден на површината на ѕвездата. Наместо тоа, оваа „лузна“ е концентрирана и се наоѓа на местото на истото магнетно поле што го водело паѓањето на тие фрагменти. Вакво нешто досега не сме виделе, изјави Џон Ландстрит од канадскиот Универзитет на Западен Онтарио.

Научниците веруваат дека со овие набљудувања може да се открива составот на планетите вон нашиот Сончев Систем.