featured

Груби: ВМРО си игра со албанската опозиција како мачка и глушец 

Вицепремиерот, Артан Груби, утрово во интервју за ТВ “Еуроњуз”‘ – Албанија изјави дека албанските опозициски партии кои излегоа од ДУИ ги поделиле албанските гласачи. Соработката на албанската опозиција со силите кои се против интеграцијата на земјата во евроатлантските структури како НАТО и ЕУ, како и Охридскиот договор.

Тој нагласува дека овие постапки имаат проруски влијанија и дека амбицијата за власт ги заслепила овие опозициски партии, терајќи ги да соработуваат со партии како Левица и ВМРО-ДПМНЕ кои според него, индиректно им служат на интересите на Русија.

Груби ја истакна храброста на ДУИ како единствена која ги осуди руските акции и го поддржува европскиот пат на Северна Македонија.

„Албанската опозиција формирана во ДУИ, која не се најде во ДУИ, го подели гласачкото тело на Албанците во Северна Македонија и го направи ирелевантно, а истите соработуваа со движењето на Апсиев, кое де противи на членството на Северна Македонија во НАТО, ЕУ и се противи на Охридскиот договор. Кога ќе се построите со овие сили, како да не кажеме дека нема проруски влијанија. Или жедта за власт ви ги заслепи очите и ги здружувате силите како Левица или ВМРО, а тие се претставени како обединување на дериватитивите на ДУИ во служба на ВМРО и Левица, индиректно на Русија.

Сите тие од прв до последен беа дел од ДУИ, Таравари беше дел од оваа влада до пред еден месец, а потоа си замина. Изет Меџити е член на оваа партија 22 години, кога виде дека не може да стане претседател наместо Али Ахмети, ја напушти партијата.

Единствената партија која имаше храброст да ги осуди руските постапки, велејќи “НЕ” за Русија и “ДА” за Европа, беше ДУИ.

Нека потпишат декларација дека нема да влезат во влада која не е проевропска, а не да им служи на ВМРО и Левица“, истакна Груби.