featured

Груби за A2CNN: Албанската опозиција се стави во служба на ВМРО и Левица

Вицепремиерот на Северна Македонија, Артан Груби, вечерва во интервју за A2CNN, изрази сериозна загриженост за големото руско влијание во регионот на Западен Балкан, особено во контекст на изборните процеси.

Груби, исто така, нагласи дека економската, трговската и безбедносната криза се само дел од областите каде што руското влијание стана значајно, со директни интервенции во работите на Северна Македонија.

Тој идентификуваше три политички партии во земјата кои имаат силни врски со Русија, вклучително и партија основана од близок соработник на претседателот Путин, Александер Дугин, кој протестираше поради изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Груби спомена и извештај за новинари во Германија кои наводно биле платени од Руската Федерација за да шират пропаганда. Највознемирувачка интервенција според него била онаа џа Коридорот 8.

„Руското влијание на Западен Балкан е многу големо. Во Државната изборна комисија имаше неколку интервенции каде беше хакиран сајтот, каде беа објавени резултати кои не се совпаѓаа со реалноста, што е големо нарушување на изборниот процес и неговиот кредибилитет. Како главна тема го ставивме руското влијание, почнувајќи од економската и комерцијалната криза, безбедносната криза и интервенцијата на Македонија.

Во Северна Македонија имаме три политички партии кои се поврзани со Русија, едната е основана од партијата на Путин, од Александер Дугин, кој е основач на духот на путинизмот, кој протестираше против изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Друга партија е Левица, која е целосно диригирана од Путин, која апсолутно не ја признава независноста на Косово, членството во ЕУ и НАТО.

Друга партија во Македонија е Македонски концепт, која е директно поврзана со Русија. Но, имаме мешање и во други организации, брутално мешање во православната црква, мешање во медиумите со купување телевизија од Руската Федерација.

Објавен е извештајот на новинарите во Германија кои се платени од Руската Федерација и кои водат континуирана пропаганда.

Највознемирувачка интервенција беше интервенцијата на Русија за Коридорот 8“, рече Груби.