featured

Мбапе: До почетокот на Европското ќе знам каде ќе играм следната сезона

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе на прес-конференција пред натпреварот со Германија изјави дека до почетокот на Европското првенство ќе знае каде ќе игра следната сезона.

Мбапе (25) пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако. За клубот од Париз оваа сезона одигра 31 натпревар во сите натпреварувања и постигна 32 гола. Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната и повеќе пати одбиваше да ја продолжи соработката со клубот од Париз, бидејќи наводно се согласил да се пресели во Реал на крајот од сезоната.

-До почетокот на ЕП ќе знам каде ќе играм. Ќе бидам фокусиран на ЕП кога ќе дојде време. Сега сум сконцентриран на она што не чека, а тоа е Германија. За мене тоа не е тема на размислување сега. Фокусиран само на тоа како да постигнам „хет-трик“, тоа ми значи повеќе отколку да размислувам дали ќе останам или не. Сите во репрезентацијата се фокусирани на тоа што не очекува, изјави Мбапе.