featured

Милановиќ поднесе оставка како претседател, кандидат е за премиер

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, во петокот попладне објави дека тој ќе биде кандидат на опозициската СДП за премиер на парламентарните избори распишани на 17 април, наместо претседателот на партијата, Пеѓа Грбин. Оваа шокантна одлука предизвика вистински политички земјотрес во Хрватска.
„На овие избори нема да бидам кандидат на СДП за премиер, дозволете ми да го поздравам Зоран Милановиќ, носителот на листата на СДП во 1 ИЕ и наскоро и премиер“, рече Пеѓа Грбин на прес-конференцијата на која тој се појави ненајавено и Милановиќ.
„Во животот на секој од нас има моменти кога треба да излеземе од својата комфорна зона, треба да престанеме да бидеме нормални и вообичаени, а тој момент ми затропа на врата со наметнувањето на извесен Турудиќ (контроверзниот државен обвинител – н.з.)“, ги објасни Милановиќ причините за неговата кандидатура и додаде:
„Дојде време да се оседлаат коњите. Ќе го собереме парламентарното мнозинство за влада на националниот спас и ќе тргнеме со полна гас да го расчистиме нередот што го остави зад себе АП (Андреј Пленковиќ). Реките на правдата доаѓаат. Ветувам решителна и чиста влада. Долго ќе ги спречуваме да се вратат. Ги поканувам сите партии да се соберат“, рече меѓу другото Милановиќ на прес-конференцијата.Претседателските избори треба да се одржат на крајот на декември и Зоран Милановиќ беше во комотна позиција да освои уште еден мандат затоа што владејачката ХДЗ досега немаше соодветен кандидат да му се спротивстави и него го очекуваше речиси сигурна победа. Но тој реши целосно да ја измести политичката сцена со одлука која е без преседан.

Бидејќи датумот за одржување на изборите е во надлежност на претседателот тој ги распиша за многу кусо време – 17 април, сигурно воден од намерата да биде кандидат за претседател и да ја „фатеи“ ХДЗ на „спиење“ и задоволна од рејтинзите во анкетите. Парламентарни избори на 17 април, к во среда и се само втор пат во историјата на оваа земја тие да не се одржат за време на викенд.