featured

Милевски: Ќе ги искористиме натпреварите со Молдавија и Црна Гора да ги испробаме силите

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција во тимската база во Анталија ги споделија своите очекувања спроти утрешниот контролен натпревар против Молдавија на стадионот „Мардан“.

Тој информираше дека Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски нема да бидат дел од тимот на овие два натпревари, но останатите се подготвени да се стават во функција на тимот, иако има играчи кои воопшто немаа минутажа за своите клубови.

-Најважно ми е да се здрави и физички подготвени, останатото што го покажуваат на собир, момците без разлика на натпреварувачката форма секогаш го даваат максимумот за Македонија. И овојпат не е ништо различно, сите се подготвени да одговорат на тоа што се бара од нив. Ќе ги искористиме максимално овие дуели и тие во јуни за да пробаме нови тактички варијанти. Ќе ги пробаме некои играчи на нови позиции и ќе видиме како тоа ќе изгледа. Ќе ги искористиме натпреварите со Молдавија и Црна Гора да ги испробаме силите. Ќе дадеме минутажа на сите играчи, а ќе тестираме и нови варијанти, изјави Милевски на прес-конференцијата.