featured

Османи ги покани Пендаровски, Силјановска, Таравари и Димитриевски на ифтар

Кандидатот за претседател Бујар Османи денеска преку својот Фејсбук профил упати покана за заеднички ифтар  до претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Таравари и Максим Димитриевски.

Како што вели, ги кани на заеднички ифтар за да се договораат за позитивна и конструктивна кампањаНа денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател“, вели Османи.

Сепак два кандидати изостанаа, а тоа се Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски.