featured

По пет години: Арнолд Шварценегер се враќа на филмот

Пет години по „Терминатор: Темна судбина“, легендарниот Арнолд Шварценегер снима уште еден филм. Станува збор за реализација на филмот „Човекот со чанта“ во кој славниот актер го игра Дедо Мраз.Шварценегер снима божиќна семејна комедија во режија на Адам Шенкман . Тој го игра Дедо Мраз, кој бара поранешен крадец да му помогне да си ја врати украдената торба со магични подароци за да го спаси Божиќ. Снимањето започнува наесен. Пристигнувањето во кината е планирано за 2025 година.