featured

САД воведоа санкции за членовите на мексиканскиот наркокартел Синалоа

САД денеска воведоа санкции против 15 члена на мексиканскиот наркокартел Синалоа и против шест мексикански субјекти вклучени во нелегално производство и шверц на „фентанил“ и други тешки дроги, изјави заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејемо.

„Главен приоритет е да се запре нелегалниот проток на „фентанил“ во Америка и да се запрат картелите кои ја увезуваат оваа смртоносна дрога. Повеќе од пет луѓе во сојузната држава Аризона умираат секој ден од предозирање со опиоиди“, рече Адејемо на прес-конференција во американскиот град Феникс, во Аризона.

Тој додаде дека од 2015 година, бројот на смртни случаи од предозирање со „фентанил“ се зголемил за 5.000 отсто“.

„Речиси 80.000 Американци починале во 2022 година поради предозирање со опиоиди,“ покажуваат податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ),

Мексико е главна база за шверцери на синтетички опиоиди, според „Ројтерс“.