featured

Словенија ќе даде милион евра за набавка на муниција на Украина

Словенија се приклучи на чешката иницијатива за купување на милион парчиња артилериска муниција за Украина од трети земји, соопшти денеска словенечкото Министерство за надворешни работи за агенцијата СТА.Украина треба да ја добие првата пратка муниција во јуни. Според соопштението на министерството, Владата на седницата во четвртокот разговарала за чешката иницијатива, но за словенечката новинска агенција не открила повеќе детали.

Прага предложи да се купи муниција за Украина од трети земји, бидејќи на Европската унија и недостасува производствен капацитет за муниција.

Според Еурактив, повеќе од 15 земји се подготвени да го финансираат купувањето, а меѓу нив не се само земјите од ЕУ, туку и Канада.