featured

Спектакуларен гол на Дамашчан, Македонија ремизираше со Молдавија

Фудбалската репрезентација на Македонија, во пријателски натпревар во Анталија, одигра 1:1 против Молдавија. Ова беше четврти меѓусебен дуел и четврти нерешен резултат на двете репрезентации.

Македонија во поголемиот дел од натпреварот беше подобриот тим на теренот. Македонија во првото полувреме ја контролираше играта, го имаше поседот на топката, а наградата за таквиот пристап дојде во првата минута од судиското надополнување на времето.

Барди путираше од 25 метри, молдавскиот голман само ја одби топката на која налета Миовски и ја смести во голот. За напаѓачот на Абердин ова беше трет гол во дресот на националниот тим.

Македонија подобро влезе и во второто полувреме. Одлична шанса во 56. минута имаше Милан Ристовски, но откако убаво се ослободи од одбранбениот фудбалер, шутираше за малку покрај голот на Молдавија. Две минути подоцна се обиде и Илјазовски.

Елиф Елмас во 76. минута по одлично проигрување со Митровски шутираше од добра позиција, но повторно одбрани гостинскиот голман.

Молдавија изедначи во 83. минута. Спектакуларен гол постигна Витали Дамашчан. По нафрлување од десната страна, напаѓачот на Молдавија со прецизен волеј удар го совлада Димитриевски.

За три дена Македонија ќе игра против Црна Гора.

North Macedonia 1-[1] Moldova – Vitalie Damascan scissor kick 82′
byu/Meladroitdimage insoccer