featured

Тачи за Клан ТВ: Во понеделник ќе се потпише коалицискиот договор со ДУИ

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во емисијата “Дебатa плус” на ТВ Клан Македонија најави дека новиот политички договор со ДУИ и нејзиниот лидер г-дин Ахмети ќе биде потпишан во понеделник во 12 часот во Домот на културата.

 

Тачи истакна дека овој договор е резултат на долги разговори и идеја која постепено се обликуваше во последните две години.

 

Според Тачи, договорот не ги вклучува само ДУИ и ДПА, туку и Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа, како и планови за соработка со турските и босанските партии и некои здруженија.

 

Тачи ја оцени улогата на Ахмети како лидер на оваа нова мисија и ја изрази својата поддршка за формирање на помоќна коалиција.

 

„Денеска со господинот Ахмети го склучивме договорот кој ќе биде потпишан во понеделник во 12 часот во Домот на културата, имавме долги разговори, а тоа беше идеја на господинот Ахмети од пред две години. Оваа идеја полека созрева меѓу ДУИ и ДПА, исто така во понеделник ќе потпишеме договор со евроинтеграциите на Арјанит Хоџа, се планира и со турска, босанска партија и некои здруженија. Тие се предводени од господинот Ахмети како носител на оваа мисија. Јас отсекогаш сум бил директен, и не е на мене да го спречам господинот Ахмети да направи помоќна коалиција, а нашата комуникација е еднострана само со ДПА, а останатото е само одговорност на господинот Ахмети. Коалицијата што сме ние има главна политичка сила која е ДУИ на г-дин Ахмети и тоа е реалноста денес. Останатите се фрагменти од пропаднати партии кои се уште не ја покажале својата моќ во изборниот процес“, рече Тачи. /tvklan.mk/