featured

Уапсен еден еден осомничен за нападот, очевидци велат дека терористите личеле на Азијци

Руската полиција вечерва уапсила лице осомничено за нападот на трговскиот центар и концертна сала во Москва, во кој загинаа најмалку 40, а повредени се најмалку 100 луѓе, пренесуваат локалните медиуми.

Руските медиуми јавуваат дека во нападот учествувале најмалку пет вооружени лица, пренесува РТ.

Се претпоставува дека терористите кои учествуваа во нападот на „Крокус сити хол“ побегнале оттаму со автомобил „рено“, покажува фотографија од автомобилот што ја објави РИА Новости на својот канал на „Телеграм“.

На фотографијата се гледа автомобил со симболот на „рено“ и со веројатно затемнет заден прозорец.

Очевидци сведочат дека напаѓачите на концертната сала „Крокус сити хол“ ​​во Москва изгледале како да се „од Азија и Кавказ“ и дека комуницирале на „странски јазик, а не на руски“, пренесува белоруската телевизија НЕКСТА, повикувајќи се на руски локални медиуми.

Медиумите тврдат дека се бараат лица од Ингушетија.