featured

Фудбалерите на ПСЖ најбројни меѓу најплатени во Лига 1

Актуелниот француски фудбалски првак ПСЖ има богат сопственик, па затоа и неговите играчи се меѓу најплатените во Лига 1. Килијан Мбапе е најплатен играч во Лига 1 со заработка од шест милиони евра месечно, а зад него е Осман Дембеле со плата од 1,12 милиони евра месечно, по што следи Лукас Ернандез со 1,1 милион евра. Над милион евра заработува и Милан Шкриниар, а во топ-15 освен ѕвездите на „светците“ се наоѓаат и двајца други фудбалери, Пјер-Емерик Обамејанг од Марсеј кој добива 650.000 евра месечно и Бен Једер од Монако со плата од 645.000 евра месечно.