featured

Западот на 8 март алармираше за можни терористички напади во Москва, за Путин тоа било провокација и заплашување

Вчера во Русија се случи терористички напад во концертна сала, каде што присуствувале над 6000 лица. Најмалку 40 лица го загубија животот при нападот, а над 100 се ранети.

Амбасадите на САД и Обединетото Кралство уште на 8 март објавиле соопштенија дека се очекуваат терористички напади во Русија и ги предупредија своите граѓани да избегнуваат јавни собири и концерти.

Вавките предупредувања на западните амбасади биле споделени и со руските служби, но претседателот Владимир Путин, само три дена пред терористичкиот напад ги отфрли предупредувањата.

Тој ги оцени како провокативни ваквите предупредувања од западните земји и дека се со намера да му наштетат на руското општество.

„Ова ми изгледа на класична уцена и намера да се заплаши и дестабилизира нашето општество“ рече Путин во изјава пренесена од руската државна информативна агенција ТАСС.

По терористичкиот напад синоќа, американската амбасада во Москва објави ново соопштение во кое ги советуваат американските граѓани да не патуваат во Русија.