featured

Ковачевски носител во И.Е 1, Зајкова коносител

КЛАН ТВ ЕКСКЛУЗИВНО дознава :Претседателот на СДСМ Димитар Ковачвески ќе биде носител во првата изборна единица СДСМ, а претседателката на ЛДП,Моника Зајкова-коносител.

Tретото место е резервирано за пратеничката Даниела Николова а четвртото за актуелниот прв вицепремиер, Бојан Маричиќ. Петта на листата е поранешната директорка на Инфективната клиника Милена Стевановиќ а шеста е претседателката на ДОМ, Маја Морочанин.Пратеникот Дарко Каевски е седми на листата а Љубица Јанчева , советник во Град Скопје е на осмото место.По нив следат, Лупчо Фармаковски ,Андреј Лозановски, Сампа Бачевац,Ѓоко  Трајчевски, Насе Насев, Елизаета Ничовска.Даниела Настова Пистолова,Ферис Али, Дијана Јованоска, Верица Милошевска, Маријана Стојановска  и Гордан Шутаров.