featured

Уапсени двајца осомничени за нападот во Москва

Две лица осомничени за синоќешниот напад кај Москва, во кој загинаа повеќе од 60 лица, се уапсени во руската област Брјанск, по бркотница со автомобил, напиша пратеникот Александар Хинштајн на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека останатите осомничени побегнале во блиската шума пеш.

Вооружени мажи облечени во камуфлажа синоќа отворија оган од автоматско оружје врз присутните на концертот во близина на Москва, при што загинаа најмалку 60, а беа повредени повеќе од 100 луѓе.