featured

АБА 2 Лига: МЗТ загуби од Широки во последното коло

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром загуби од екипата на Широки со 82:79 во последното коло од регуларниот дел од АБА 2 конкуренцијата. 

Аеродромци беа во постојан резултатски дефицит во првото полувреме, а ништо подобро не играа „металците“ ниту во второто.

Во последните две минути, „металците“ направија невидени (16-0), стигнаа на само еден посед негатива (77:80). Но им останаа само, нецели 16 секунди да направат чудо, и да победат!

Но Делалиќ не ја искористи (прет)последната прилика на мечот, не погоди тројка која ќе донесеше израмнување. Недолго потоа, при резултат (82:79), шанса за истото доби и Миловановиќ, кој од извесно, една доста тешка ситуација, не погоди за три поени, па победата остана за Широки.

Баковиќ реализираше 16 поени, Делалиќ 12, а Војдан Стојановски додаде 10 за МЗТ Скопје на овој последен меч од регуларниот дел од сезоната во ова регионално натпреварување.

Македонскиот првак заврши со ефект 8-5, а во доигрувањето за место/та во АБА лигата ќе тргне од позицијата број 5.

За место во полуфиналето, екипата од Аеродром ќе разигрува со вечерашниот противник.