featured

Ахмети го засили „Европскиот фронт“ со Тачи и Хоџа

ДУИ го засили „Европскиот фронт“ во пресрет на изборите. Претседателите на четири политички партии денеска во Тетово потпишаа договор за коалицирање на претстојните парламентарни избори. На Али Ахмети му се приклучија ДПА предводена од Мендух Тачи, партијата на Аријанит Хоџа -Европска демократска партија, како и партијата Народно движење, предводена од Скендер Реџепи-Зејд.

-Ако пред 22 години на некого му речевте дека ќе се земат касарните на Младиќ и ќе се пренаменет во универзитет ќе речеше овие се луди. Да му кажеше некој на некого дека пред 22 години во Македонија ќе има премиер Албанец ќе речеше овие се луди, ако пред 15 години некој кажеше дека јас и Тачи ќе потпишеме договор ќе речеа не е возможно, но ова вистина, изјави АхметиТачи истакна дека не се работи за обична битка помеѓу албанската позиција и опозиција.

-Лидерите на еден народ треба да ја забележат опасноста од далеку да бидат подготвени, ризикот што му се заканува е тоа што руската агресија му се заканува на цивилизираниот свет, таа е инсталирана во Србија и во Босна и Херцеговина и ова обединување е да се спречи сето тоа. Ние со 30 пратеници ќе му оневозможуваме влез на руската политика. Апелирам до луѓето што ја поддржувале ДПА во овие 30 години, заедно да бидеме за овој фронт, кажа лидерот на ДПА.

Според Аријанит Хоџа, целта на Европскиот фронт ги надминува тесните или лични интереси.

– Ова обединување што ние го правиме е од историска вредност кое ќе донесе бришење на граници помеѓу браќата и со тоа ќе покажеме дека сме дел од западната цивилизација кои ја граделе нашите предци, рече Хоџа.

Скендер Реџепи-Зејд од Народното движење порача дека ова заедничко тело на повеќе политички субјекти нема друга алтернатива и дека фронтот ќе се прошири во иднина.