featured

Борел призна: Соработуваме со Русија

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел, денеска изјави дека безбедносните служби на Русија соработуваат со Европската унија во врска со истрагата за терористичкиот напад во Москва во петокот.

„Разузнавачките служби соработуваат со разузнавачките служби, да“, изјави Борел за Си-Ен-Ен, одговарајќи на прашањето на новинарката Кристијане Аманпур дали руските и службите на ЕУ соработуваат и покрај војната во Украина.

Борел повторно го осуди терористичкиот напад, но изрази и страв дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да го искористи нападот за „да го оправда зголемениот интензитет на нападите врз украинската цивилна инфраструктура“.

„Загрижени сме поради фактот што Путин може да ги искористи трагичните околности за да ги оправда зголемените напади врз Украина, што се случува, во последните часови бројот на ракети и беспилотни летала лансирани врз цивилната инфраструктура се зголеми, но не гледаме како нападот е оправдување за тоа. Украинците не се борат против рускиот народ, туку против армијата што ја нападна нивната земја“, рече Борељ.

Според последните податоци, во петокот вечерта во терористички напад на концертна сала во предградието на Москва загинаа 139 лица, меѓу кои три деца, а околу 180 се повредени.