featured

Борел: Ја поддржуваме воената соработка на Западен Балкан, Европа е во опасност

Шефот на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, истакна денеска дека ЕУ ја поддржува регионалната воена соработка, особено споменувајќи ги Босна и Херцеговина и Северна Македонија и нагласувајќи дека Европа е во опасност, пренесува „Демокрација“.

Според Борел, преземени се многу активности за зголемување на европската безбедност, но потребни се и повеќе.

„Во Западен Балкан ја поддржуваме регионалната воена соработка, како и Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Ги поддржуваме и Молдавија и Грузија во источното соседство и Јордан и Либан во јужното соседство“, наведе Борел.

Борел истакнува дека актуелната геополитичка ситуација ја става Европа во ризик, а причината, велат тие, е „хибридната војна која се карактеризира со сајбер напади“.

„Досега искористивме 6,1 милијарди евра за зајакнување на поддршката на Украина од страна на земјите=членки на ЕУ, а со нив ЕУ ѝ испорача вкупно 31 милијарда евра воена опрема на Украина од почетокот на војната. И овој број продолжува да расте секој ден. Меѓу другите акции, до ова лето ќе обучуваме 60.000 украински војници, на Украина ѝ дадовме и 500.000 артилериски гранати, а до крајот на годината ќе ги има повеќе од еден милион“, рече Борел.