featured

Додик: Ако што било се наметне, европскиот пат на БиХ прекинува

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, истакна денеска дека Европскиот совет е најкредибилното политичко тело во Европа, дека тие имаат најголем политички авторитет и одредуваат на кој начин структурата на БиХ може да се движи кон ЕУ, а тоа е БиХ со два ентитета, три конститутивни нации и со механизам за координација, пренесува „Срна“.

„Европскиот совет даде поддршка за оваа структура на БиХ и утврди дека БиХ е политички стабилна. Со тоа се отфлраат како небитни тврдењата од петте услови кои велат дека некој друг е надлежен да ја оценува политичката ситуација“, рече Додик на прес- конференција во Бања Лука.

Тој посочи дека е неспоиво со ЕУ да се наметнуваат какви било решенија, односно дека ако ‘лажниот“ висок претставник Кристијан Шмит се осмели да наметне нешто, тоа ќе значи запирање на европскиот пат на БиХ.

„Ако наметне нешто за Изборниот закон, Република Српска ќе донесе свој закон. Ако наметне нешто поврзано со имотите, ќе донесеме одлука за статусот на Реоублика Српска која ќе подразбира одбрана на сите наши права, не само оние предвидени со Дејтонскиот договор, туку ќе одиме чекор понатаму“, предупреди Додик.

Тој додаде дека РС има одредени проблеми со Германците кои сакаат да „држат предавања“ и се обидуваат да се направат важни во сите процеси. Додик нагласи дека Кристијан Шмит „дефинитивно покажал дека нема никаква важност“.

Тој се осврна на неодамнешните одлуки на ниво на Бундестаг, наведувајќи дека се видело како нелегалната структура сака да го задржи нелегалниот висок претставник и е подготвена да влезе во процес на санкционирање на лица кои не го поддржуваат.

„Од друга страна, бидејќи Бошњаците одлучија да имаат свои претставници на неколку важни дестинации, мислам дека ќе пробаат горчлива каша на крајот од ова патување“, рече Додик.

„Република Српска останува посветена на Дејтонскиот аранжман. Трите конститутивни народи се неизбежни. Подготвени сме да работиме, со одредени приоритети. Останатите прашања од 14-те приоритети кои не се решени сега се на дневен ред“, рече Додик.

Додик посочи дека прашањето за укинување на гласањето за субјектите нема да може да се стави на дневен ред, како што сега најавуваат во Сараево.

„Тоа нема да се случи, промената на Уставот не треба да се случи бидејќи уставната структура покажа дека може да стигне до една од претпоследните точки на патот кон ЕУ“, рече Додик.

Тој појасни дека одлуката за преговори е пред одлуката за членство и дека се покажало оти овој тип на БиХ не е во спротивност со европскиот пат. Додик истакна дека во РС многу рационално гледаат на ситуацијата, со оглед на тоа дека има уште многу работа ако се има желба да се продолжи по тој пат.

„Прво на тој пат е прашањето за судиите на Уставниот суд и Законот за Уставен суд на Босна и Херцеговина. РС не е конфликтна страна, бараме да се почитуваат нашите права, словото од Дејтон, Уставот. Ако сакате, можеме да одиме понатаму,“ рече Додик.