featured

Ердоган: Со воз од Анкара до Истанбул за 80 минути

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул го најави новиот проект за супер брз воз Анкара-Истанбул, со брзина од 350 километри на час.

„Оваа година распишуваме тендер за проектот за супербрзиот воз Анкара-Истанбул, кој ќе има брзина од 350 километри на час и времетраење од 80 минути“, рече Ердоган, јави Анадолија.

Ердоган зборуваше и за проектот „Големиот Истанбулски тунел“.