featured

Земјотрес со јачина од 6,9 степени: Најмалку пет лица загинаа

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди вчера Папуа Нова Гвинеја, при што загинаа најмалку пет лица, а беа уништени стотици куќи.

Епицентарот бил на 33 километри од градот Амбунти, на длабочина од 50 километри.

„Околу 1.000 домови се уништени. Официјалните лица се уште ја проценуваат штетата“, изјави Алан Бирд, гувернер на покраината.

Кристофер Тамари, началникот на регионалната полиција, изјави за АФП дека екипите за итни случаи сè уште се пробиваат низ провинцијата густо покриена со џунгла.

Исто така тој предупреди дека бројот на загинати може да биде поголем.