featured

Русите бараат притвор за уште три лица за масакрот во Москва: Татко и синови на суд за помагање

Рускиот истражен комитет побара притвор за уште тројца обвинети во случајот со терористичкиот напад во центарот Крокус во Москва.

„Примени се уште три досиеја: тоа се Аминчон Исроилович Исломов, Диловар Исроилович Исломов, како и Исроил Ибрагимович Исломов, соопшти судот за агенцијата РИА Новости.

Тие се обвинети за помагање на терористите кои го нападнаа Крокус – браќата Исломов – се приклучиле на терористичката група во јануари и март оваа година, објави Рускиот истражен комитет.

Според последните податоци, во петокот вечерта во терористички напад на концертна сала во предградието на Москва загинаа 137 лица, меѓу кои три деца, а околу 150 се повредени.

Сите насилници се приведени во саботата во Брјанскиот регион. Се покажа дека станува збор за државјаните на Таџикистан, Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов. Ним им е одреден притвор до 22 мај.