featured

Седницата на Советот на Европа за прием на Приштина закажана за 27 март

Седницата на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која ќе се расправа за апликацијата за членство на Косово, ќе се одржи во среда, на 27 март, пренесува „Танјуг“.

Во предлог-дневниот ред до кој имал увид српската новинска агенција се наведува дека статутарното мислење за тоа барање, кое Приштина го поднесе на 12 мај 2022 година, ќе го изнесе известувачот за прием на Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани, и дека седницата ќе започне во 14 часот и 30 минути.

Шефот на постојаната делегација на српскиот парламент во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Билјана Пантиќ-Пиља, на крајот на минатата недела изјави за „Танјуг“ дека известувачот за приемот на Косово во СЕ, Дора Бакојани, препорачала Косово да стане членка на таа политичка организација.