featured

„Влезе во атмосферата на Земјата помеѓу Алјаска и Хаваи, нема штета“

Сателитот ЕРС-2 го заврши своето повторно влегување во атмосферата над Северниот Тихи Океан и за среќа не е забележана материјална штета, пишува Европската вселенска агенција.

Речиси 30 години по лансирањето на ERS-2, дојде време за негово враќање и огнен крај.

На патот кон конечното распаѓање ја помина централна Европа.

– Имаме потврда за повторното влегување на ЕРС-2 во атмосферата во 17:17 часот над Северниот Тихи Океан меѓу Алјаска и Хаваи – соопшти ЕСА на Х.