featured

Завршните турнири од Купот на Македонија во ракомет ќе се организираат во Скопје

Раководството на Ракометната федерација на Македонија одлучи завршните турнири во машка и женска конкуренција од Купот да се организираат во Скопје во периодот од 17 до 19 мај. Натпреаврите од Ф4 турнирите ќе се играат во салата во СЦ „Борис Трајковски“. -Се усвои информацијата доставена од страна на Натпреварувачка комисија за организација на финалниот турнир од македонскиот ракометен КУП 2024 во машка и женска категорија, и истиот ќе биде организиран во Скопје во спортскиот центар Борис Трајковски во период од 17-ти до 19 мај 2024 година“, соопшти РФМ. На завршниот турнир во машка конкуренција ќе играат Вардар, Е.Пелистер, Тиквеш и Алкалоид, додека во женска конкуренција ќе за трофејот ќе се борат Куманово, Ѓорче Петров, Чаир и Вардар.