featured

Изложба „Од срце – за животот“

Изложбата „Од срце – за животот“ ќе биде отворена вечер од 18 часот во „Зелена оаза“ во „Ист гејт мол“.

Целта е да се поттикне отворено размислување и разговор за значењето на органодонорството и трансплантацијата, се наведува во соопштението од тимот на проектот „Поддршка на системот на трансплантација“.

Најавено е изложбата да биде отворена од евроамбасадорот Дејвид Гир и националниот координатор за трансплантација Маја Мојсова Мијовска.

– Во рамки на оваа средба ќе бидат доделени и наградите за најдобрите решенија на повиците за визуелни дела за дизаjнери и за средношколци, на тема – трансплантација и органодонорство, пишува во соопштението до медиумите.