featured

Патријархот Порфириј ги повика Албанците на дијалог: На Косово и Метохија има место за сите

Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј, денеска на научниот собир „Косово и Метохија- историја и културно наследство“ ги повика косовските Албанци на дијалог затоа што, како што истакна, „на Косово и Метохија има место за сите“, пренесува „Политика“.

„Сведоци сме на различни видови историски ревизионизам. Но, тука дури и не станува збор за ревизионизам, кога на жртвите и на криминалците им ги менуваат местата. На део се целосно фиктивни, имагинарни конструкции за прашањето за српските светилишта. Повторно и повторно, водени од Христовата љубов, ги повикуваме на дијалог Албанците од Косово и Метохија бидејќи како што на Косово и Метохија има простор за сите, така се уште има и же секогаш има и простор за дијалог за животот на луѓето на Косово и Метохија“, истакна патријархот.

Како што наведе патријархот, почитувањето и заштитата на човековите, а особено на верските права, претставуваат универзална цивилизациска вредност бидејќи овие права им припаѓаат на сите и мора да бидат гарантирани и на Српската црква и на нејзиниот верен народ, односно универзалните човекови и верски права и слободи не можат биде дел од преговорите за статусот и од политичките договори.

Епископот Рашко-призренски Теодосиј рече дека денеска ретко може да се види простор каде што Србите се стремат да живеат, а во исто времеда постои и толку голема христијанска надеж и волја да останат свои на своето, како што е тоа во Косово и Метохија.

„Ги гледаме лицата на тие луѓе што често доаѓаат со солзи во очите, длабоко чувствувајќи дека доаѓаат во татковиот дом, во својата духовна рона грутка, за да зафатат грст од живата вода која се излива во изобилство од моштите на нашите светители и од секој камен на нашите цркви. Тие тука ја напојуваат душата со утехам, потсетувајжи се кои се и што се. Без нашата црква и без нашите светилишта на Косово и Метохија и на српските земји, ќе бидеме едно преме без корени и иднина,“ истакна еписокопот Теодосиј, кој ги нарече Србите што денеска живеаѕ во изолирани енклави „вистински херои на нашето време“.