featured

Сабонис стана петтиот играч во историјата на НБА со 25 трипл-дабл во една сезона

Центарот на Сакраменто кингс, Домантас Сабонис постигна 11 поени, а имаше и 13 скока и 10 асистенции на натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата против Филаделфија (108:96) одигран ноќеска на домашен терен.

Литванецот го направи својот 25-ти трипл-дабл во сезоната 2023/24. Сабонис стана петтиот кошаркар во историјата на НБА со 25 трипл-дабл во една сезона.

Пред Сабонис, Оскар Робертсон, Вилт Чембрлен, Расел Вестбрук и Никола Јокиќ имаа по 25 или повеќе трипл-дабл во една сезона во НБА.

Домантас Сабонис е син на поранешниот кошаркар на репрезентацијата на СССР, олимпискиот шампион од 1988 година Арвидас Сабонис.