featured

Судот издаде налог: Трамп не може да дава изјави

Судијата на окружниот суд во Њујорк, Хуан Меџран денеска издаде наредба со која на поранешниот американски претседател Доналд Трамп му забранува да дава јавни изјави за сведоци, обвинители, судски персонал и поротници поврзани со претстојното судење за прикривање на секс скандал.

Тој ги цитираше претходните коментари на Трамп за него и за другите вклучени во случајот.

„Несомнено е важно да постои непосредна опасност во овој случај“, рече Меџран.

Претходно денеска Мерџан одлучи судењето на Трамп да започне на 15 април, откако ги отфрли обидите на адвокатите на Трамп дополнително да го одложат почетокот на постапката.

Мерџан не ги прифати аргументите на адвокатите на Трамп кои истакнаа дека одложувањето е неопходно поради новите документи кои беа откриени во истрагата, додавајќи дека новите документи не се релевантни за случајот.

Обвинителите во овој случај тврдат дека Трамп му наредил на својот поранешен адвокат Мајкл Коен тајно да и плати 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна сексуална афера во пресрет на претседателските избори во 2016 година, а потоа, тврдат тие, побарал од Коен парите дадени на поранешната порно ѕвезда да ги регистира како правен трошок.

Трамп претходно се изјасни за невин по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги.