featured

Што е Сјегренов синдром, болеста од која почина Слаѓана Милошевиќ

Сјогренов синдром е хронична автоимуна болест која најчесто се манифестира со сува уста и очи, но може да има и многу посериозни системски последици. Слаѓана Милошевиќ, позната пејачка, почина по битка со овој синдром.

„Мојата болест се вика Сјегренов синдром. Нејзината симптоматологија и метод на лекување се уште се непознати за многу лекари. Често се отфрла како поедноставено имуно нарушување, кога всушност е смртоносно. За жал, болеста е многу тешка, со бројни имунолошки промени. Ги напаѓа сите телесни системи. Само кинеската традиционална медицина може да помогне, бидејќи од раните денови го третира човекот како единствена целина. Во западната медицина таков пристап има само психосоматиката. Човекот е единство на телото и психата, а само така се лекува – изјави пејачката.

Имунолошкиот систем на лицето со Сјогренов синдром погрешно ги напаѓа жлездите кои произведуваат солзи и плунка, но и други делови од телото, вклучувајќи ги зглобовите, тироидната жлезда, бубрезите, црниот дроб, белите дробови, кожата и нервите.

Иако повеќето луѓе со Сјогренов синдром не умираат директно од болеста, тој може значително да го зголеми ризикот од развој на други сериозни состојби, како што се лимфом и белодробни заболувања.

Сè уште е непозната точната причина за Сјогренов синдром, но истражувањата покажуваат дека генетиката може да игра значајна улога во неговиот развој. Се верува дека има значајна улога на наследните фактори, а луѓето чии семејства имаат некој кој страда од овој синдром или други автоимуни болести, имаат поголем ризик за развој на оваа состојба.

Хормоналната нерамнотежа, особено во однос на естрогенот, исто така може да придонесе за развој на синдромот. Покрај тоа, присуството на вирусна инфекција може да дејствува како синергетски фактор и предизвикувач.

„Во однос на тие отпечатоци на родителите врз нас, тие почнуваат во пренаталниот период, велат дека се многу важни расположенијата на мајката која го носи детето, бидејќи тие влијаат на плодот и нејзиното лошо расположение се одразува на работата на органите на бебето, па мајката е таа која ја одредува таа животна психичка енергија. Ако ти дава ниска психичка животна енергија, нема да бидеш успешен човек“ – изјави Слаѓана Милошевиќ.

За ефикасно лекување и управување со Сјогренов синдром, од суштинско значење е мултидисциплинарен пристап, кој вклучува ревматолози, офталмолози и други специјалисти.

Симптомите на Сјогренов синдром може да варираат од личност до личност.

Во моментов, не постои специфичен лек кој може целосно да го излечи Сјогренов синдром. Постојат терапии кои можат да помогнат во ублажување на симптомите и подобрување на квалитетот на животот на пациентите. Целта на третманот е одржување на влага во ткивата, ублажување на болката и спречување на компликации.

Слаѓана Милошевиќ, чие вистинско име беше Александра, важеше за икона на новиот бран од осумдесетите во Југославија. Слаѓана во текот на кариерата стекна популарност надвор од границите на Србија, а нејзиното дело го препозна познатиот писател Пауло Коељо, кој изјави:

„Таа има нешто на што отсекогаш сум се восхитувал кај луѓето: срцето да сонува и храброста да ги претвори соништата во реалност.