featured

Азербејџанец има најголема плата во Црна Гора: Еве што работи

Највисоката бруто-месечна плата исплатена во Црна Гора лани изнесувала 127.820 евра.

Таа сума, која вклучува даноци и придонеси, била платена на државјанин на Азербејџан, вработен во областа на изнајмување сопствен или изнајмен недвижен имот, пренесува Инвеститор.

Тоа е 129 просечна бруто заработка од лани или 284 минималци. Според податоците на Монстат, на ниво од минатата година просечната бруто плата била 987 евра, додека минималната 450 евра.

Вработен во областа на монетарното посредување, односно банкарскиот сектор, минатата година земал втора највисока бруто плата во Црна Гора. Станува збор за црногорски државјанин на кој му биле исплатени 110.370 евра. На трето место по заработка лани е државјанин на Грција, кој е вработен во трговија на големо со горива. За еден месец му биле исплатени 109.280 евра.

На четврто место се најде уште еден државјанин на Азербејџан, кој исто така изнајмува недвижен имот со месечен приход од 108.220 евра.