featured

Бекер му честиташе на Иванишевиќ

Веста дека Новак Ѓоковиќ ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ стигна преку Инстаграм профилот на Новак.

Горан Иванишевиќ само ја сподели објавата и стави две срца на неа, а Борис Бекер не можеше да одолее на Твитер.

Поранешниот тренер на Ѓоковиќ му честиташе на својот колега за добро завршената работа во најавата за Тенис ТВ, во која беа наведени заедничките успеси на Новак и Горан.

-Исклучително успешно партнерство. Одлична работа Горан – напиша Бекер.