featured

(видео) Пропалестински активисти фрлале измет од добиток пред куќата на шефот на Пентагон

Пропалестинските активисти фрлале вчера измет од добиток пред куќата на американскиот министер за одбрана Лојд Остин, во Грејт Фолс, Вирџинија. Демонстрантите запалиле и бакљи и извикувале навредливи пароли за шефот на американскиот воен сектор, пренесува „Политико“.

Министерството за одбрана потврди дека имало протест, но одби да даде детали за настанот, пишува весникот кој посочува и на видео снимено од активисти кои покажува дека демонстрантите викаат „Остин, Остин, разбуди се, окупацијата [на Палестина] е злосторство!“

Претходно, „Фокс њуз“ објави дека едно лице ставило измет од добиток пред куќата на американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Активистите кои ја поддржуваат Палестина во последниве месеци редовно ги прекинуваат говорите на американскиот претседател Џо Бајден. Тиеќ меѓу другото, тие бараат од администрацијата на Бајден да го прекине огнот во Појасот Газа и да се собере поголема хуманитарна помош за Палестинците.

Тензиите на Блискиот Исток се разгореа по инфилтрацијата на милитантите на Хамас од Појасот Газа на израелска територија на 7 октомври 2023 година, проследена со убиства на жители на пограничните населби и земање на 240 заложници.

Радикалите го опишаа својот напад како одговор на акциите на израелските власти против џамијата Ал Акса во Ерусалим. Израел наметна целосна опсада на Газа и почна да изведува напади врз енклавата како и во одредени области на Либан и Сирија, по што започна копнена операција во енклавата.

Судири има и на западниот брег на реката Јордан.