featured

Драма во Кардиф, Шчесни ја однесе Полска на ЕУРО 2024

Репрезентацијата на Полска последна обезбеди пласман на Европското првенство, кое од 14.јуни до 14.јули ќе се одржи во Германија. Полјаците, во Кардиф, ја добија пенал драмата и го победија Велс.

Натпреварот на „Милениум“ стадионот во Кардиф, во основниот дел и по двете продолженија заврши без голови.

Патникот во Германија го решија пеналите. Трагичар на Велс е Даниле Џејмс, а херој на Послка голманот Вијчех Шчесни.

Голаманот на Јувентус во последната петта серија го одбрани лошо изведениот пенал на играчот на Лидс јунајтед.

Полска на ЕП ќе игра во Д групата со Франција, Холандија и Австрија.

ЕУРО 2024:

Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија
Група Б: Шпанија, Италија, Албанија, Хрватска
Група Ц: Словенија, Англија, Данска, Србија
Група Д: Франција, Холандија, Австрија, Полска
Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина
Група Ф: Турција, Грузија, Португалија, Чешка