featured

На Малта ненадејно избувна невреме – еден загина, спасени 17 туристи

Холандски нуркач загина, а 17 други туристи беа спасени кога ненадејно избувна бура во морето кај Малта, соопшти полицијата.

Вооружените сили на Малта соопштија дека нуркачите во две групи биле во близина на Циркева, популарно место за нуркање на северниот дел на Малта, кога силните ветрови ненадејно го зафатиле морето.

Неколку патролни чамци и хеликоптер беа распоредени во потрага по нуркачи кои нуркаа на местото на потонатиот брод.

Четворицата успеале сами да стигнат до брегот на помалку од еден километар. Сите други биле извлечени од морето, но на еден била констатирана смрт по пристигнувањето во болница.

Очевидци велат дека нуркачите биле од различна националност. Неколку илјади нуркачи ја посетуваат Малта годишно, што ја прави важен дел од туристичката индустрија на островот. Се верува дека ова е најголемата операција за спасување на нуркачи во Малта.