featured

Шефот на грчката дипломатија: Време е Босна и Херцеговина да ги отвори преговорите со ЕУ

Време е Босна и Херцеговина да ги започне пристапните преговори со Европската унија, изјави денеска грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис по средбата со неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман во Загреб.

„Дојде време Босна и Херцеговина да ги започне преговорите за влез во Европската унија“, рече Гркот во Загреб, откако претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен минатата недела од Стразбур објави дека телото ќе препорача отворање на преговорите на Европската унија.

Советот се состанува во четврток и петок во Брисел.

Грлиќ Радман изрази задоволство што Атина го дели мислењето на Загреб и нагласи дека позитивната одлука за БиХ „ќе и даде дополнително охрабрување“ на таа земја, но и на другите земји од Западен Балкан, како и „дополнително зајакнување на позиционирањето на Европската унија во оваа област“.