featured

(видео) Се појави снимка од безбедносната камера на куќа близу местото каде што исчезна Данка

На социјалните мрежи се појави видеоснимка од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото на кое вчера исчезна двегодишната Данка Илиќ од Бор, пренесува Nova.rs

На видеото се гледа автомобил кој брзо поминува околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало кусо пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.

Засега не се знае дали возачот на автомобилот има информации за исчезнувањето на девојчето, или пак го видел девојчето, со оглед на тоа дека времето на нејзиното исчезнување и поминувањето на возилото се поклопуваат.

Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.

Да потсетиме, двегодишната Данка Илиќ исчезна вчера околу во Бањско поле кај Бор, а во потрагата по девојчето се вклучени сите дежурни служби на српскиот МУП, а системот „Најди ме“ е активиран за прв пат откако беше лансиран во Србија.

Во моментот на исчезнувањето, Данка носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, со врзана коса. Таа била во дворот на имотот на семејството Илиќ во Бањско поле со својата мајка Ивана кога исчезнала.