featured

Голема акција на шпанската крајбрежна стража: Спасени 124 мигранти

Шпанската крајбрежна стража денеска спаси 124 мигранти, меѓу кои и деца и лице во инвалидска количка, од два дрвени чамци кај Канарските острови.

Еден брод со 66 луѓе се наоѓал на 20 километри јужно од Лас Палмас де Гран Канарија, соопшти шпанскиот Црвен крст, пренесе Ројтерс.Во близина е пронајден уште еден, со 58 лица, меѓу кои и две жени.

Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на ЕУ Фронтекс наведува дека рутата на Атлантскиот Океан до Канарските Острови во моментов е најпрометната за нерегуларна миграција од Западна Африка кон Европската унија.

Бројот на луѓе кои тргнале на опасното патување меѓу 1 јануари и 15 март достигна 12.393, во споредба со 2.178 во истиот период минатата година, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи овој месец.

Канарските острови се наоѓаат на околу 160 километри од најблиската точка во Западна Африка.