featured

Додик: Имаат рок од седум дена

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, даде рок од седум дена да се укинат измените на Изборниот закон на БиХ. Тие измени минатата недела ги наметна Кристијан Шмит, кого Република Српска не го признава за висок претставник.

Додик на седницата на НСР изнесе низа барања кои мора да се исполнат или, како што рече, ќе реагира Република Српска.

„Предлагам колонијалните власти да ги сменат одлуките на Шмит во рок од седум дена. Доколку тоа не се случи, тогаш нашите пратеници во Парламентот на БиХ ќе бараат седница на Парламентот, на која тие одлуки ќе бидат прогласени за неприфатливи.

Да им се забрани на властите на БиХ да ги почитуваат тие одлуки, веб-страницата на ОХР да биде прогласен за неприфатлив, ќе бараме на Службен весник на БиХ да му се забрани објавување на одлуките донесени од тие партии и нивните организации“, рече Додик.

После тоа, рече Додик, ќе побара Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ да усвои нов изборен закон на БиХ.