featured

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Портпаролот на терористичката организација Исламска држава (ИД) Абу Хутаифа Ал Ансари денеска го пофали терористичкиот напад на трговскиот центар Крокус Сити Хол во Москва, во кој во петокот беа убиени повеќе од 140 луѓе.

Ал Ансари ги повика приврзаниците на Исламската држава да ги нападнат „крстоносците“, особено во Соединетите Американски Држави, Европа и Израел, пренесува Ројтерс.

„Се молиме на Бога да стигнете до Палестина за да можете да се борите со Евреите лице в лице во бескрајна верска војна“, рече Ал Ансари во снимената аудио порака објавена на платформата Телеграм.

Како што е познато Рускиот истражен комитет денеска објави дека ја докажал поврзаноста меѓу директните извршители на терористичкиот напад и „украинските националисти“, кои САД ги отфрлија како „неоснована пропаганда“.