featured

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон

Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани. 

– Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска, апелира организаторот на манифестацијата Сојузот на спортови на Скопје

Маратонот ќе се одржи 6 октомври со почеток во 8 часот.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според времето кое ќе го одберат при процесот на 

пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.