featured

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик

Топ Ган: Маверик дојде во кината во 2022 година и постигна одлични резултати, а недолго по премиерата се наметна прашањето дали ќе се снима и трет дел.

Гласините за можното снимање на третиот филм се појавија на почетокот на оваа година, а сега ги потврди и еден од продуцентите на филмот, како и информацијата дека Том Круз ќе се врати како Пит „Маверик“ Мичел.

Продуцентот Џери Брукхајмер работеше на Топ Ган од 1986 година и Топ Ган: Маверик од 2022 година, а се чини дека ќе работи и на трет филм. Како што пренесува Колидер, продуцентот потврдил дека ќе се снима продолжение во кое ќе учествува и Том Круз, кому многу му се допаѓа приказната за третиот филм.

-Том Круз ќе глуми. Том е неверојатен. Поминавме време со него и ја имаме приказната. Џо Косински имаше одлична идеја за приказна и Том Круз рече дека навистина му се допадна, па ние ја развиваме. Но, не се знае кога ќе се снима бидејќи Том е многу зафатен. Моментално работи на Неозможна мисија и веќе има проект после тоа. Се надеваме дека ќе добиеме сценарио кое ќе му се допадне и дека ќе почнеме да работиме – рекол Брукхајмер, пренесува Колидер.

Акционото продолжение од 2022 година заработи 1,4 милијарди долари и доби одлични критики, пишува Колидер. Тоа го потврдува и оценката што филмот ја доби на Rotten Tomatoes. Врз основа на 476 критики, критичарите го оценија со високи 96 отсто, а со преку 50.000 критики од публиката, Топ Ган: Маверик беше оценет со 99 отсто.