featured

Ослободени се лицата од Босна и Херцеговина кои барале пари за информации за Данка

Три лица кои во четвртокот беа уапсени во БиХ поради објави на социјалните мрежи кои наводно се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2), се пуштени да се бранат на слобода.

Оваа информација за порталот Н1 ја потврди Емил Суќеска, портпарол на Федералната полициска управа.

„Поднесовме пријава за сторените кривични дела. Обвинителството на КС случајот го оквалификува како киднапирање и изнуда. Во пријавата напишавме дека тие лица треба да бидат притворени. Но, Обвинителството КС донесе одлука за ослободување на лицата“, изјави Суќеска за Н1.

Да потсетиме, Федералната полициска управа синоќа на локации кај Илиџа и Хаџиќ уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ.

За време на емитувањето на „TikTok Live“ тие побарале пари за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.

Веднаш по апсењето изјавија дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.