featured

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

Поранешниот селектор на фудбалска репрезентација на Кина, Ли Те, во процесот што се води против него, признал дека примил повеќе од 10 милиони евра мито.

Ле, кој ја водеше Кина од јануари 2020 до декември 2021 година е обвинет за давање и примање мито и учество во местење натпревари, се вели во соопштението за медиумите на провинцискиот суд во Хубеи.

Во текот на повеќемесечниот процес, Ле призна дека добил повеќе од 9,8 милиони евра во периодот од 2017 до 2021 година.

„Ли Те ја призна вината и изрази каење“, се вели во соопштението на судот и се додава дека пресудата ќе биде објавена подоцна.

Кинеските медиуми во вторникот објавија дека поранешниот претседател на кинеската фудбалска федерација Чен Џујуан, кој призна дека примал мито, е осуден на доживотен затвор.