featured

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, пренесува „Новините“.

Земјотресот е регистриран во 8:38 часот по локално време, во Родопите, а епицентарот на потресот бил во селото Грохотно, на четири километри од Девин и 95км од Пловдив, на длабочина од девет километри.

Само половина час предходно, во 8:09 часот по локално време, Бугарија ја погоди потрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Во 08:42 часот е регистриран и трет земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.