featured

Советот на Европа е загрижен: Бројот на затвореници во Франција достигна нов рекорд

Бројот на затвореници во Франција на 1 март достигна нов рекорд со речиси 77.000 затвореници, соопшти денеска Министерството за правда. Во средината на март, Советот на Европа изрази загриженост за големиот број затвореници.

Француските власти тогаш објавија дека презеле мерки за да се обидат да ги растеретат затворите. Затворски казни помали од еден месец се забранети, некои затворски казни се сменети во куќен притвор под електронски мониторинг. Сепак, и тоа се покажа како недоволно.

Бројот на затвореници објавен денеска (76.766) е највисок досега забележан во Франција.

Тоа подразбира нагло зголемување на бројот на луѓе кои поради недостаток на простор се принудени да спијат на душек на земја. Од 1 март, 3.099 затвореници спиеле на душек на подот, наспроти 2.026 пред една година.

За една година затворската популација се зголемила за 6,1 отсто. Се чини дека овој феномен нема брзо да се врати назад. Со приближувањето на Олимпијадата во Париз, властите рекоа дека имаат за цел да имаат „нулта толеранција за деликвенција“.