featured

Старовиќ: Со одлуката за Косово се кршат духот и словото на Советот на Европа

Државниот секретар во спрското Министерство за одбрана, Немања Старовиќ, изјави дека одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) да ја усвои препораката за полноправно членство на Приштина е израз на неправда и висок степен на ароганција.

„Препораката за прием на Приштина во членството на најголемата и најстара паневропска организација секако ги нарушува и словото и духот на основачките документи на Советот на Европа, како и основните принципи на кои се заснова Советот на Европа,“ изјави Старовиќ за РТС.

Тој оцени дека извештајот на известувачката Дора Бакојани е полн со контрадикторни и неправедни работи и дека може да се дискутира зошто таа поставила само три услови од почетокот на работата на тој извештај.

Старовиќ изјави дека членовите на Политичкиот комитет целосно игнорирале се што се случувало на подрачјето на Косово во последните две години откако Приштина аплицираше за членство во Советот на Европа.

„Тие го игнорираат фактот дека Србите се лишени од елементарните основни човекови, политички и економски права, почнувајќи од забраната за гласање за Србите на српските избори, преку наметнување нелегитимни градоначалници и советници на општинските собранија, потоа нешто што премногу личи на воената окупација на северот на Косово, со употреба и постојано распоредување на специјалните милитаризирани, моноетнички, албански сили на косовската полиција“, истакна Старовиќ.